Новости

Битола инфо

На стадионот во Битола пронајдени неексплодирани гранати и рачни бомби

На 16.03.2017 година во период од 10.30 до 14.00 часот во Битола, на градскиот стадион, при изведување на градежни работи пронајдени биле 24 неексплодирани артилериски гранати калибар 75 мм, 40 минофрлачки гранати калибар 75 мм, 6 рачни бомби и 14 куршуми калибар 9мм со потекло од Првата Светска  Војна. Увид на местото на настанот  извршила увидна екипа на СВР Битола. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Подрачна единица-Битола, истите се безбедно подигнати.

Работата на северната трибина од стадионот ќе продолжи, но официјалните лица истакнаа дека е голема веројатноста и во следниот период да се најдат слични направи, за кои треба веднаш да се повикаат одговорните служби наместо граѓаните сами да доаѓаат во допир со нив, објави ТВ Мега.

Фото: ТВ Мега

GOLD
To Top