Новости

Битола инфо

На 16 јуни Општина Битола ќе го објави повикот за субвенции за велосипеди

Општина Битола со цел да ги стимулира граѓаните на користење на превозни средства кои не го загадуваат воздухот, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства за велосипеди купени од денот на објавување на повикот во дневен весник и на веб страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk – во делот актуелно, соопштуваат од општината.
Повикот ќе биде објавен во среда 16.06.2021 од кога ќе започе и аплицирањето, согласно условите кои ќе бидат наведени во јавниот повик. Граѓаните ќе имаат можност за аплицирање седум работни дена.

GOLD
To Top