Новости

Битола инфо

Невообичаено висока излезност во центарот на Битола

Битолчани од центарот на градот излегоа од рано изутрината на гласање со што направија невообичаена атмосфера пред гласачките места. Од ОИК потврдија дека до десет часот излезноста во Битола е 14,54 проценти.

Во избирачките места сместени во центарот на градот, во Битолскиот музеј и Универзитетската библиотека, пред десет часот се чекаше за гласање во редици. И за претставниците на избирачките одбори ситуацијата е невообичаена, бидејќи не е ни малку слична од оние на претходните изборни циклуси во Битола.

Гласачите се задоволно како тече гласањето и како се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.

За висока излезност до десет часот потврдуваат и од избирачките  одбори.

„Од запишани 686 гласачи на ова гласачко место до девет часот гласале 102 гласачи што е добар одзив за разлика од претходните избори. Во услови на пандемија ова е неочекувано добар одговор досега и добра излезеност. Сите мерки се почитуваат“, ни изјави Марија Налбанти, потпретседател на избирачки одбор на гласачкото место 79.

„Излезноста на избирачкото место 73 е многу голема. Во бројки тоа значи од 1.007 запишани гласачи до пред 10 часот се излезени околу 160 гласачи. Тоа значи над 16 проценти. Излезноста во споредба со минатите избори е поголема“, вели Зоран Ѓуровиќ, заменик претседател на Избирачки одбор.

Иста е состојбата и на избирачкото место 74, каде од запишани 468 гласачи гласале 70 пренесува независен.мк

GOLD
To Top