Новости

Битола инфо

Непроценливата архива од Радио Битола пренесена во битолскиот Архив

Согласно програмата за мапирање на објекти и поранешни институции во Битола и во Општините каде што има надлежност Државниот Архив – Одделение Битола изврши преземање на архивски материјал од непроценливо значење кој се наоѓаше во гаражите во кругот на поранешното седиште на Радио Битола.

Ова беше второ преземање на архивски материјал од Радио Битола во период од неколку години, а значењето на материјалот е од огромно значење за историскиот развој на градот.

Материјалот е претежно во пишувана форма и меѓу другото ги содржи емисиите кои биле имитувани од самите почетоци на радиото 1950 година се до неговото постоење.

Материјалот е во несредена состојба и истиот ќе биде внесен во програма за средување и обработка со цел што поскоро да стане достапен за истражувачите.

Емисиите како што се Хроники од Пелагонија, Во светот на бајките, Спортските вести, Поздрави и честитки и слично, како и останат архивски материјал од денес се во својот нов дом, Битолскиот Архив.

Радио Битола е најстарото македонско радио од регионален карактер формирано на 27 март 1950 година, а во него работеле истакнати новинари како што се Менде Петковски, Ацо Станковиќ, Петар Ставрев, Димче Миновски и многу други, а свој ангажман своевремено имале и Виолета Томовска и Ајри Демировски.

Благодарност и до Општина Битола за соработката, а Државниот Архив ќе остане и понатаму посвететно да се грижи за историското наследство, соопштија од Државниот архив-Битола.

GOLD
To Top