Новости

Битола инфо

Никола Свенчев го фати крстот во Битола

30-годишниот Никола Свенчев од Битола го фати крстот денеска во црковниот базен на црквата „Свети Димитриј Великомаченик“ во Битола кој претходно го фрли Владиката Петар.

Никола рече дека ова е негов 4-ти пат каде што го вади Светиот крст, а додека скокал шест пати.

Пред чинот на полагање на Светиот крст во црковниот базен се одржа Свечена литургија со која чиноначалствуваше Владиката Петар.

После чинот верниците полнеа богојавленска вода.

Евротип
SNBROKER
To Top