Новости

Битола инфо

Николовски за мерките и политиките

Кандидатот за пратеник од Коалицијата Можеме, Петар Николовски денеска зборуваше за мерките и политиките.

„Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политки со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек. Стапката на невработеност кај младите лица денес изнесува 35,3% што е многу пониска од 2016 година .
Во следниот период продолжуваме уште повеќе и уште подобро, преку конкретни, ефикасни мерки и политики, стапката на младинска невработеност до 2024 година ја носиме под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари.
Продолжува мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.
Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите.
Нудиме директна поддршка на младинското и женското претприемништво, претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра
Понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ нуди нова македонска развојна економија, тоа е модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните генерации .
Нашата цел е до крајот на мандатот да стигнеме до едноцифрен број на невработеност, повисоки плати и шанса на младите – тоа е економски патриотизам на дело !
Затоа на 15ти јули изборот е едноставен – изборот е силна економија
Младите ке изберат НОВА РАЗВОЈНА ЕКОНОМИЈА , затоа што младите знаат дека можеме уште повеќе и уште подобро !“, изјави Николовски.

GOLD
To Top