Новости

Битола инфо

Николовски: Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ

Кандидатот за пратеник и претседател на СДММ Битола – Петар Николовски  денеска зборуваше за НАТО и ЕУ.

„Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја извадиме државата од изолација во која ја држеше ВМРО-ДПМНЕ и да ја вратиме на правиот пат, на патот на евроинтеграциите.
Денес сме 30 земја членка на НАТО, еднакви во најсилниот и најважен воено-безбедносен сојуз. Нашите граници се трајно обезбедени, а нашата национална безбедност и сигурност никогаш не биле на повисоко ниво.
Ги остваривме највисоките цели и и целосно го заштитивме идентитетот, ги зачувавме државните и национални интереси.
Разобличени се лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно губење на идентитетот и оспорување на нашиот, македонски јазик.
Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денеска се признаени од сите. Од ЕУ, од НАТО, од целиот свет.
Последен, силен доказ за тоа е Преговорачката рамка каде што јасно е наведено дека јазикот на кој треба да се преведе европското законодавство е македонски јазик.
За само три години, СДСМ, покажа дека може го зачува идентитетот и да ги отвори вратите кон НАТО И ЕУ !
Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ. Подготвени сме, знаеме и можеме до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 6 години да го затвориме преговарачкиот процес.
Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за Северна Македонија. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод. Тоа се европски пари за европски стандарди дома.
ВЧЕГОВМЕ ВО НАТО – МОЖЕМЕ И ВО ЕУ !
ОДЛУКАТА НА 15 ЈУЛИ Е КРИСТАЛНО ЈАСНА !!
Граѓаните знаат дека МОЖЕМЕ и ќе го заокружат бројот три, за тоа да го правиме уште подобро !“, истакна Николовски.

GOLD
To Top