Новата година започни ја со нова кариера во СН Осигурителен брокер – отворени позиции во Скопје и Битола

СН Осигурителен брокер АД Битола вработува:
1. СОРАБОТНИК ВО СЕКТОРОТ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ
Реон: Битола
Опис на работно место:
● Следи и проучува законски прописи, упатства и акти за правилно водење на сметководствените работи
● Книжи фактури, денарски и девизни изводи, побарувања по основ на плаќање на платежни картички, регреси, компензации, трошковни благајни
● Ефикасно комуницира со клиенти при сложување картички
● Ефикасно комуницира со останатите сектори во Друштвото
● Чува деловни книги и сметководствени документи
● Врши анализа, контролира и усогласува фактури со главната книга и аналитичка евиденција
Квалификации:
● Висока стручна подготовка (ВСС) – Економски факултет
● Работно искуство минимум 1 година во струката
● Работно познавање во MS Office
● Развиени организациски способности, самоиницијативност,
аналитичност, почитување на рокови
● Способност за тимска работа
● Возачка дозвола Б категорија- ќе се смета за предност
Услови и бенифиции:
● Загарантирана бруто-плата
● Полно работно време од 40 часа неделно
● Договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на нeопределено време.
Вашата професионална биографија испратете ја на: kariera@snbroker.mk со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.
2. СОРАБОТНИК – ПРОДАЖЕН АГЕНТ ВО СЕКТОРОТ ЗА ДОБРОВОЛНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Реон: Скопје и Битола
Опис на работно место:
• Подготовка на понуди за клиенти и склучување полиси
• Остварување позитивна комуникација со клиентите
• Поддршка на активностите на продажната мрежа и креативност во поглед на таргет групи на клиенти
• Претставување и добро владеење на пакетите за осигурување
• Доследно исполнување на плановите за продажба
• Информирање и запознавање со услугите на осигурување на потенцијални клиенти
Квалификации кои ги има нашиот идеален кандидат:
● Висока стручна подготовка (ВСС)
● Работно познавање во MS Office
● Развиени организациски способности, самоиницијативност,
аналитичност, почитување на рокови
● Способност за тимска работа
● Возачка дозвола Б категорија- ќе се смета за предност
Услови и бенифиции:
● Загарантирана бруто-плата
• Систем на наградување
• Бесплатна обука и Постојана едукација
• 24/7 менторирање од искусни вработени
Вашата професионална биографија испратете ја на: kariera@snbroker.mk со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.
