Новости

Битола инфо

Нова видео снимка од инцидентот во Битола

После денешните протести во Битола, во текот на денешниот ден на социјалните мрежи беше објавена уште една нова видео снимка од инцидентот во Битолa, снимена од друг агол. Оние кои го споделуваат видеото коментираат дека на него може да се долови моментот кога полицискиот службеник од Битола бил нападнат со удар во градите.

Инаку, во билтенот на МВР од 22.09.2020, стои дека на 21.09.2020 околу 01.00 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола од слобода биле лишени Ф.Ј.(35) и Н. Ј.(55), двајцата од Битола, затоа што физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ова е првата снимка која што излезе на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции:

Протест во Битола против полициската бруталност

GOLD
To Top