Новости

Битола инфо

Нова летна содржина на Ски Центарот Копанки

Од 16.05.2021 година ( Недела ), секоја недела во зависност од временските услови на Пелистер жичарницата двосед Бегова Чешма – Копанки ќе биде ставена во функција за секој посетител од 10:00 часот до 14:00 часот, соопштија од ЕСМ.
Цена на билет за едно возење – 100,00 денари
Дневен билет – 300,00 денари
Ставањето во функција на жичарницата на Копанки за викендите во време на летната туристичка сезона ќе овозможи дополнителна промоција на Пелистер како туристичка дестинација, ќе поттикне развој и соработка во делот на сите алтернативни форми на туризам, планинарски спортови, планинскиот велосипедизам, параглајдингот, алпинизамот и други области кои во рамките на својата примарна дејност заеднички со хотел Молика ќе делуваат меѓусебно и ќе соработуваат од заеднички интерес за реализација на сите програмски активности, стои во соопштението на ЕСМ.

GOLD
To Top