Новости

Битола инфо

Нови инвестиции во Центарот за култура Битола

Центарот за култура минатата година доби средства за промена на влезни врати на институцијата, за кои техничката припрема е завршена на крајот на минатата година, а градежните активности започнаа деновиве и ќе траат до крајот на неделата. Институцијата ќе добие нова дограма на главниот и службениот влез на институцијата и реновирана портирница.

„А оваа година во делот за инвестиции добивме средства за промена и санација на системот за дојавувачи на пожар, проблем за кој алармиравме и кај претходните два министри, а не засега и нас како Центар за култура, но и Битолскиот Народен Театар, како и публиката која ги полнеше нашите сали. Се радувам, што освен програмски изминатите три години направивме и технички подобрувања на институцијата. Да напоменам дека во изминатите 2 години и 8 месеци како директор од сопствени средства успеав да набавам нова миксета за светло, со која се осовременивме и пред се ја заменивме расипаната миксета стара 40 години, направивме од корен нова билетарница, набавивме нов мотор и го саниравме расипаниот агрегат, извршивме и санација во системот за парно греење, ги варосавме канцелариите и со донација добивме нов под со што го заменивме стариот синтелон со ламинат. Со донацијата на Еуроимаж се набавија и 450 нови 3д Долби наочари“, вели директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски.

GOLD
To Top