Новости

Битола инфо

Обвинение за дрога пронајдена кај 52 – годишен битолчанец во патна торба

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 52-годишен жител на Битола за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 11 март, на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, на меѓуградска автобуска станица, обвинетиот држел 194 грама марихуана. Дрогата наменета за препродажба била скриена во неговата патна торба, а овластени службени лица ја пронашле и му ја одзеле.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог да биде продолжена претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.

GOLD
To Top