Новости

Битола инфо

Облачно со повремени врнежи од снег, до 7 часот во Битола наврнале четири сантиметри снег

Времето во текот на ноќва и утринава беше облачно со врнежи од снег на северозападот и во Пелагонија, проследено со ветер. Утринава во Прилепско има удари од северен ветер и до 40 км/час. Во 7 часот снег е забележан само на Пожаране, над Полошката котлина.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА до 7 часот (во л/м2)
38 Д.Капија 28 Попова Шапка, 26 Битола, Крушево, Гевгелија, 25 Крушево, 18 Маврово, Струмица, Скопје-Петровец, 16 Штип, Ѓуриште, 15 Пожаране, 12 Скопје – За. Рид, 11 Дојран, 7 Виница, 6 Берово, 4 Претор, 3 Дебар, Прилеп, Охрид, 2 К. Паланка.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
-5 Маврови Анови, -4 Попова Шапка, -2 Крушево, -1 Куманово, Дебар, 0 Битола, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница, Демир Капија, 1 Струмица, Охрид, Претор, 2 Крива Паланка, Берово, 3 Гевгелија, Дојран.

СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)
16 Крушево, 15 Пожаране, 12 Ѓуриште, 7 Скопје – За. Рид, 5 Скопје – Петровец, 4 Битола, 3 Дебар, 2 Тополчани, 1 Куманово.

Евротип
SNBROKER
To Top