Новости

Битола инфо

Одбележување на 9 Мај во Битола

Општина Битола со повеќе настани годинава го одбележува 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Зошто е важно младите да бидат дел од Европа? Кои се придобивките од членството во ЕУ, како ќе се одрази членството во ЕУ врз младите и кои се придобивките, лични и општествени? Ова се размислувањата на средношколците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, искажани во видео материјалот под наслов „Младите и нивните размислувања за членството во ЕУ“.
Во наредните денови ќе се одржат он лине дебати и предавања со средносшколци и студенти за искуствата со Еразмус плус програмите, како и за начинот на конституирање на ЕУ.
Детските градинки се вклучија со активности преку кои различни градинки претставуваат по една земја на ЕУ, со преглед на нивната културата, традициите, знамето на земјата, храната и некои други специфичности и знаменитости вообичаени за конкретната држава.

Градоначалничката по повод 9 Мај упати честитка:

„Денешниот ден со двојно значење. Денес е Денот на победата над фашизмот- победа на едно разединување и лудило кое никогаш не смее да ни се повтори и Ден на Европа- како симбол да едно здружување, солидарност и единство.
Нема ништо поважно од бистрината на разумот со кој човештвото и поединецот треба да живее во духот на вредностите на спречување на секое зло и давање перспектива на сплотеноста.
ЧЕСТИТ 9 МАЈ!“

GOLD
To Top