Новости

Битола инфо

Од вчера започна прскањето против комарци во Битола

Центарот за јавно здравје Битола соопшти дека од вчера започнаа да спроведуваат ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвeните облици на комарците, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка.

Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на спори од Bacillus thuringiensis, наменет за уништување на ларвите на комарецот од типовите Aedes I Culex (во 2 и 3 ларвен стадиум), со концентрација од 2 л/ХА. Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции. Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 208-100, 208-101, стои во информацијата од ЦЈЗ.

GOLD
To Top