Новости

Битола инфо

Од денешниот билтен на СВР Битола: Физички напад, семејно насилство, нарушување јавед ред и мир…

На 23.07.2021 од страна на полициски службеници на СВР Битола се лишени од слобода на 18-годипшник од Данска, 21-годишник и 18-годишник од Битола, постапувајќи по пријава од Г.И. од Битола, според која околу 03.00 часот кај Градското шеталиште, по претходна расправија, тројцата физички го нападнале. По целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2021 во СВР Битола 40-годишна жена од Битола пријави дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од сопругот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.7.2021 во ОВР Ресен, А.М.(37) од Крани, ресенско, пријави дека неговата сестра Б.М.(29) од с.Крани се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 21.07.2021 во ПС Демир Хисар пријавено е дека Г.Б. (33) од Битола го нарушил јавниот ред и мир, кршејќи пред казино во Демир Хисар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2021 од полициски службеници од ОВР Прилеп бил лишен од слобода Н.Н.(38) од Прилеп, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дигитална вага и пиштол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2021 во ПС Прилеп пријавено е дека во Јавна здравствена установа „Борка Талески“ во Прилеп е донесен малолетник од с.Пресил, крушевско, со тешки телесни повреди од огнено оружје. Увид извршила увидната екипа на ПС Крушево и ПС Прилеп при што било констатирано дека во с.Пресил, во семејната куќа на Џ.И., кој во моментот не бил дома, неговиот малолетен син истрелал од ловна пушка, која ја поседувал Џ.И., при што го повредил малолетниот братучед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СН Брокер
To Top