Новости

Битола инфо

„Од децата за децата”- утре хуманитарна акција во Битола

Купи На Рати во соработка со EDUSFERA со задоволство ви го најавуваат новиот заеднички проект.Средствата кои ќе бидат собрани од овој проект ќе бидат донирани во добротворни цели
Проектот го носи името „Од децата за децата” . Предвидени се следните активности:
Проектот започнува на 15.06.2021, во вторник во Градски Парк Битола со подигнување на енергијата на децата преку различни игри,продолжуваме со brainstorming на тема екологија и заштита на животна средина.

Подоцна, на истиот датум, едукативна обука за социјалните мрежи ќе биде одржана од страна на Радојка Димитријевска Јошевска – млад претприемач и коосновач на Купи На Рати.


Денот ќе продолжи со заедничко подигнување на свеста за екологијата кај најмладите низ цртежи и пароли. Денот ќе биде завршен со доделување на благодарница на сите присутни дечиња.
Цртежите изработени од оваа работилница ќе бидат изложени на он-лине изложба на Facebook на 16.06.2021.Средствата собрани од оваа изложба ќе бидат донирани.
Комплетно завршување на проектот е планирано на 19.06.2021 во Пацио на Завод и Музеј со уметничка приредба, почнувајќи од 19:30 часот.

Со проекти од ваков тип активно вложуваме во нефомалното образование на децата, им овозможуваме да ги развиваат своите таленти и интереси и заедно со нив создаваме трајни морални вредности. Вложувајќи во децата, сите ние вложуваме во подобра иднина и подобар свет за идните генерации.

Ве очекуваме, бидете и вие дел од овој хуманитарен проект.

GOLD
To Top