Новости

Битола инфо

Од сите училишта во Битола, само 12 ученици се позитивни

Министерката за образование Мила Царовска денеска од Битола повторно во проценти го соопшти бројот на позитивни ученици на ниво на држава.

„Министерството за образование и наука на дневно ниво ги собира податоците, по однос на издадени решенија се надлежни здравствените власти, она што јас како министерка го комуницирам е дека на дневно ниво процентот на позитивни нови случаи на ниво на држава се движи помеѓу 0,01 до 0,03% зависно од денот. Во вчерашниот ден имаме нови 0,02 %, а вкупниот број на позитивни од почетокот до денеска не изнесува повеќе од 0,3%. Ние известуваме на национално ниво“, рече министерката за образование Мила Царовска.

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека само 12 ученици од основно и средно образование се позитивни и дека не постои никакава трансмисија на вирусот во образовните институции.

„Од над 7600 ученици во основно образование и од над 3600 во средно образование само 12 ученици се позитивни. Тоа покажува дека процентуално навистина стоиме добро и дека апсолутно нема епидемиолошка критична слика, туку дека онака како што се одвива наставата во овие околности и услови можеме да кажеме дека навистина во пандемијата во овие околности имаме сериозно добра ситуација која што овозможува да се изведува наставата онака како што треба. Начинот на кој се одвива наставата не е причина апсолутно за никаква трансмисија во рамките на образовните институции. Значи покрај овие 12 кои што ги споменав има помалку од 10 ученици кои што се во изолација, меѓутоа се заради членови од нивното семејство“, рече Петровска

 

Царовска потенцираше дека образовниот систем е подготвен за сите три сценарија за одвивање на наставата.

„Согласно новата концепција дигиталните учебници се ставени во функција за четврто одделение. Општината Битола до своите директори достави барање за дел од таблетите од Министерството за образование, а дел од таблетите се обезбедени од буџетски средства од општината и истите тие се ставени на располагање во општината. При промена на моделот сите ресурси ќе бидат ставени на располагање, оние кои што ги има министерството и општините да не заборавиме дека минатата година во текот на целата учебна година најголем дел од училиштата беа со он лајн учење, само од прво до трето беа со физичко присуство, но и таму имаше ученици со он лајн учење, што значи системот е поготвен за секој тип на сценарио кое што ќе ни следува“.

Министерката Царовска денес беше во посета на Техничкото училиште во Битола.

Извор: Тера

Евротип
Евротип
To Top