Новости

Битола инфо

Од утре градските автобуски линии до 17 часот – се укинува двосменскиот режим

Градските линии на општинскиот линиски превоз, почнувајќи од утре 20.05.2020 ќе сообраќаат наизменично како во досегашниот период, но без прекин, од 06:00 до 17:00 часот, вклучително и во сабота.

Со ова се укинува двосменскиот редуциран режим на сообраќање на автобусите, кој беше воведен соодветно на потребите за движење на граѓаните, а согласно заклучоците на Владата, соопштуваат од општина Битола.

Во наредниот период, почнувајќи од 20.05.2020 година, возните редови на општинските линии ќе се одржуваат како што следува:

Линијата 1 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поаѓање на Д и А ХЕРА ТРАНС во временскиот период од 06:20 до 17:20, а во вторник, четврток и сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ХЕРА ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 17:00 часот, во спротивната насока.

Линијата 4 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поѓање на ЛУКА ЕКСПРЕС во временскиот период од 06:15 до 17:15 часот, а во вторник, четврток и сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ТУРИСТ ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 17:00 часот, во спротивната насока,. .

Линијата 5 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поѓање на ХЕРА ТУРС во временскиот период од 06:15 до 17:30 часот, а во вторник, четврток и сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ГОПЕШ ТРАНС во временскиот период од 06:00 до 17:15 часот, во спротивната насока.

Линијата 6 ќе сообраќа од понеделник до петок со времињата на поаѓање во временскиот период од 06:00 до 10:00 часот и од 13:00 до 17:00 часот.

Линијата 7 ќе сообраќа од понеделник до петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 06:10, 07:00, 13:10 и 15:20 часот.

Линијата 8 ќе сообраќа во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 07:15 и 15:15 часот.

Линиите 10 и 11 ќе сообраќаат во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 05:30 и 11:30 часот.

Линијата 14 ќе сообраќа со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 05:55 и 15:30 часот.

Линиите 13 и 15 ќе сообраќа во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Шехерезада“ во 07:00 и 13:30 часот.

При одржувањето на линиите, возилата треба да сообраќаат со преполовен капацитет и со запазување на препорачаното растојание меѓу еден и друг патник, а патниците задолжително треба да носат заштитни маски при користењето на јавниот превоз.

GOLD
To Top