Новости

Битола инфо

Од 23 декември во функција новиот пункт за брзи тестови во Битола

Центарот за јавноо здравје Битола информира дека од 23.12.2020 год. (среда) се става во функција нов пункт за брзи антигенски тестови за SARS CoV-2 кој е на нова локација, во просториите на Месната заедница Панде Кајзерот , во близина на зградата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.
Просторот и тестовите се обезбедени од Општина Битола и истите се бесплатни за граѓаните. Закажувањето на термин за брзи тестови за докажување на антиген за SARS CoV-2 во брис се прави преку матичен лекар во системот ,, мој термин,,. Работното време во пунктот ќе биде од понеделник до петок, од 12:00 до 16:30 часот. Планирано е дневно да се обезбедуваат по 30 термини за тестирање.
Пунктот за PCR тестирања и понатаму останува да функционира во Амбулантата на ОУ Даме Груев, како и досега.
Односно сега ќе бидат во функција три пунктови и тоа:
1. Амбулантата на ОУ Даме Груев, како и досега -PCR тестирање
2. Месна заедница Панде Кајзерот во близина на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола- брз антигенски тест
3. Дом за народно здравје – брз антигенски тест
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола

GOLD
To Top