Новости

Битола инфо

ОМД донираше опрема за доброволното противпожарно друштво Архангел од Битола

Во изминатиот период се воспостави прекрасна соработка помеѓу ОМД Обединета Македонска Дијаспора и противпожарното друштво ДПД Архангел од Битола. Донирана беше опрема која ги зајакна капацитетите на ДПД Архангел со која пожарникарите од Битола ќе работат во служба на граѓаните на Македонија во интервенции за гасење на шумските пожари како и за превентивно делување.


Сведоци сме на страшните пожари низ Македонија во летните периоди во текот на изминатите години, и сведоци сме на недостигот од оперма за пожарникарите да можат поуспешно да се изборат со огнените стихии. Оваа донација ќе направи голема промена кон поголема сигурност, заштита и превенција во пресрет на пожарите во Битолскиот регион и на територија на цела Македонија. Донирани беа дрон и техничка опрема за раководење со дронот, лаптоп, моторни пили, телескопска моторна пила, дувалки, високопритисна пумпа за вода, специјални обувки и специјални маски кои до сега не беа на располагање.
Ова е навистина значајна донација и сакаме да ја искажеме нашата огромната благодарност до Мето Колоски, претседател на ОМД, кој срдечно и искрено ја реализираше оваа донација со цел да помогне на Македонија преку поддршка на нашата организација, истакна Роберто Илиевски, претседател од ДПД Архангел Битола.
Од 2004 година, ОМД е водечкиот мост помеѓу татковината и дијаспората, и партнер на општеството во Македонија. Скоро секоја година ОМД завзема хуманитарни активности во Македонија, но оваа година особено поради пожарите. Мето Колоски им се заблагодари на сите членови и донатори на ОМД, оти без нив, и партнерите во Австралија, организација Буц фор Балканс, оваа донација немаше да се реализира. Посебна благодарност во името на ОМД до сите членови на ДПД Архангел Битола за нивната посветеност, енергија, труд, и силна работа борејќи се против пожарите кои ја зафатија Македонија минатово лето, изјави Мето Колоски.


Процесот на донација беше помогнат преку партнерот на ДПД Архангел и ОМД, Маја Сталеска, која ја водеше активноста, како и огромната подршка од Директорката на ПримеПоинт Партнери, Билјана Марковиќ Стаменова.

ДПД Архангел Битола

Евротип
SNBROKER
To Top