Новости

Битола инфо

Општина Битола набави четири минибуси на метан

Општина Битола за првпат и со сопствени средства набави нови, еколошки минибуси на метан, со по 16 и 19 патнички седишта. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска посочи дека возилата ќе бидат наменети за учениците и за останати услуги, наменети за граѓаните.

„Согласно програмите за работа и средствата предвидени од буџетот, Општина Битола годинава набавува 4 минибуси со капацитет од 70 седишта, во вредност од 18 милиони денари“, рече Петровска.

Минибусите пристигнаа непосредно пред седницата на Совет каде што се носи последната одлука за формирање на регионалното јавно претпријатие за подобрени услуги во превозот за жителите на општините Битола, Могила и Новаци.

„Следната недела доаѓа уште едно превозно средство, кое покрива категорија на граѓани кои што во изминатиот период имала сериозни проблеми од аспект на мобилноста. Ветуваме дека со ваквите домаќински политики, кои што покажаа дека една локална самоуправа може да се носи и со сопствени средства на набавка на вака значајни услуги кон граѓаните, може да се реализира ветеното“, истакна Петровска.

Евротип
SNBROKER
To Top