Ортопедот Обедниковски нов директор на клиничкиот центар во Битола

Лекарот Александар Обедниковски, специјалист ортопед од одделението за Ортопедија и трауматологија, е новиот директор на Битолската клиничка болница, објави порталот аплa.
Министерството за здравство со решение го назначи д-р Обедниковски за прв човек на Болницата.
Обедниковски во 2014 година доаѓа во Битолската клиничка болница како специјалист ортопед, а од 2018 година е субспецијалист трауматолог.
Обедниковски доаѓа на местото на досегашната директорка д-р Билјана Гагачовска.
