Новости

Битола инфо

Отворен 39-тиот Мал битолски монмартр без гости – учесници

Малиот битолски монмартр оваа година ќе биде без џагорот на деца кои творат низ битолските улици. Пандемијата со коронавирусот годинава ги спречи децата од повеќе земји во светот да дојдат во Битола. 39-годишнината на Малиот Битолски Монмартр денеска беше одбележана пред детското студио „Св.Кирил и Методиј“ во Старата битолска чаршија, a свеченото отворање на 39-то издание на Малиот Битолски монмартр беше симболично и согласно мерките за заштита.

Наградата Гран при оваа година ја доби Марија Дима од Романија, која му беше врачена на почесниот конзул на Романија во Битола.

 

GOLD
To Top