Новости

Битола инфо

Парична награда за пиротехничарите кои ги отстрануваат гранатите кај стадионот во Битола

На предлог на претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, Владата денеска донесе одлука со еднократна парична награда во висина од 30.000 денари да бидат наградени 7 пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување заради нивниот посебен ангажман во пронаоѓањето, отстранувањето и уништувањето на преку 7.000 парчиња, или 52 тона гранати кои беа пронајдени на 27 октомври во близина на Градскиот стадион во Битола.

GOLD
To Top