Новости

Битола инфо

Парични казни за десетмина во Битола

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе предлози за издавање на казнени налози за вкупно 10 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во деновите од 22 до 25 мај 2020 година, биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час. Тие не се придржувале кон мерките за ограничување на движењето воведени со Одлука на Владата на Република Северна Македонија.

Јавното обвинителство предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 евра во денарска противвредност.

GOLD
To Top