Новости

Битола инфо

„Парко 2047“ – Мултимедијален фестивал кој започнува денес, а нашиот пар ќе блесне во поинакво светло

„Иднината започнува сега“ е мотото на мултимедијалниот фестивал „Парко 2047“ кој започнува денес и трае до 21 август.

Градскиот парк ќе заблеска во поунакво светло, а најавени се 40 изведувачи. Исто така, во рамките на овој фестивал, присутните ќе имаат можност да ги проследат делата во уметничката галерија и да учествуваат во работилници и забавни игри.

Сето тоа ќе се одвива на две бини, главна бина и „чил“ бина, како и поставување на два „IT“ шатори каде ќе се одржуваат натпревари.

Организатори на „Парко 2047“ е „Парко продукција“, која се претставува како нова граѓанска организација што цели да ја поттикне и да даде простор на новата култура – културата на новото време.

– „Парко 2047“ е проект на млади битолчани, чија цел е да создадат платформа за размена на идеи, знаења и забава, на едно заедничко место, во парко, пишуваат тие.

Евротип
SNBROKER
To Top