Новости

Битола инфо

Партерно уредување околу Офицерскиот дом

По целосната реконструкција на зградата на Офицерскиот дом во Битола, започна и партерното уредување околу овој објект. Деновиве екипите на ЈКП „Водовод“ работат во делот на интервенирање во местата каде што е предвидено да биде поставена дополнителна опрема со која ќе се наводнува околниот простор.
Офицерскиот дом се реконструира со средства кои Општина Битола, на иницијатива на градоначалничката Петровска, ги обезбеди со изготвениот проект за кој доби подгрант средства од Европската Унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија, администриран од Светска банка.

GOLD
To Top