Новости

Битола инфо

Пет лица од денешните седум нови случаи во Битола се поврзани со позитивни од најбиското семјество

Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се регистрирани 9 нови случаи на COVID-19:

– 7 во Битола (на возраст од 23, 29, 42 (х2), 53, 57 и 63 години, 5 лица се поврзани со веќе регистрирани позитивни лица од најблиското семејство);
– 2 во Демир Хисар (лица на возраст од 70 и 75 години, и двете лица даваат податок за контакт со позитивно лице од најблиското семејство).

Вкупниот број на активни случаи на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола изнесува 223:
– Битола 70
– Кичево 99
– Ресен 23
– Д. Хисар 31

Во Ресен и Кичево нема новорегистрирани лица.

Денес регистрирани се и 5 оздравени лица (2 од Ресен, 1 од Демир Хисар и 2 од Битола).

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола

GOLD
To Top