Новости

Битола инфо

Пеце Милевски – нов претседател на ВМРО ДПМНЕ во Битола

Пеце Милевски е новиот претседател на ВМРО ДПМНЕ Битола. Тој е долгогодишен член на партијата, поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ во Битола и поранешен советник од оваа партија во Советот на општина Битола. Досегашен претседател беше Иванчо Тошевски.
Извршниот комитет на партијата одлучил Милевски да ја води партијата во Битола во наредниот период, а тој денеска преку својот Фејзбук профил му се заблагодари на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на Извршниот комитет и на членството за како што пишува несебечната подршка.
„Свесен сум за одговорноста и обврските кои ги носи позицијата Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, како и годините претходно ќе продолжам заедно со сите членови, поддржувачи, и секој добронамерник да градиме успешна приказна на политичката сцена, ВМРО ДПМНЕ да биде предводник и реализатор на успешни економски но и државотворни идеи.
Изборот секогаш значи и обврска и ќе се трудам да направам се што е во моите можности да не’ разочарам никого.
Заедно сите обединети со напорна работа до заедничката цел, победата на следните избори, тоа е нашиот императив. Победниците не прават различни работи, тие само ги прават работите на поинаков начин. Искуството ќе го користиме да толкуваме одредени несакани грешки, да го искористиме максимално времето и ресурсите за да направиме попаметен, помудар потег, што ќе нè води чекор по чекор поблизу до победата.
Животот како и политиката не е воопшто едноставен, најголемата работа што можиме да ја направиме е да имаме верба во Бог, потоа во себе, но од суштинско значење е да имате верба и во соборците со кои сте тргнале на патот до целта.
Со мудрост и храбро водство до пораз на политичкиот непријател, со идеи и добри дела до конечена ПОБЕДА над “сдсм” нивниот лидер и бизнис партнерите кои ја запоседна, владеат и за жал ја распродаваат Македонија“ напиша Милевски.

GOLD
To Top