Новости

Битола инфо

Повторно отворени угостителските објекти во Битола – ќе работат по протоколи

Од рано наутро веќе беа поставени масите и столиците долж Широк Сокак на кафулињата кои веќе неколку дена наназад ги подготвуваа своите локали за повторно отворање.

Угостителските објекти ќе работат по следните протоколи:

  • Ограничено работно време од 08:00-22:00 часот
  • Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце
  • Се дозволува работа само на отворените делови од угостителсите објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција
  • Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки

  • Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси
  • Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект
  • На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2м со соседните маси во сите правци
  • На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица
  •  На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство
  • Дозволен е маскимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5м
  • Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
  • Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна
  • Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса
  • На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства
  • Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба
  • Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)
GOLD
To Top