Новости

Битола инфо

Под мотото „И покрај се“ вечерва почнува 42. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Битола овие денови ќе гледа филм, ќе дише филм, ќе раскажува филм, ќе живее филм, ќе пее филм. Вечерва почнува 42.издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

На црвениот килим ќе поминат годинешните учесници и гости на фестивалот, ѕвездите-лауреати на фестивалските награди: Кристијан Бергер, Џослин Пук, Бајрам Северџан, кои веќе пристигнаа во Битола, членовите на жирито Филип Бергсон, Вим Ванакер, Суки Меденчевиќ, Соња Просенц, Димо Попов, бројни филмски работници, претставници на дипломатскиот кор и претседателот, Стево Пендаровски. Отворањето е во Пациото на Завод и Музеј Битола.

Ова издание на љубителите на филмската уметност ќе им понуди одлични десет долгометражни и десет кратки филмови, кои ги селектираа Слаѓан Пенев и Даријан Пејовски, ќе се одржат работилници со Кристијан Бергер, Џослин Пук и Грег Малканџи, но паралено со оваа програма, богатство од настани нуди и офф-програмата.
Сите овие настани од редовната и офф-програмата испреплетени меѓу себе нудат незаборавно доживување за сите кои деновиве ќе уживаат во филмската приказна, која како и изминативе 42 години, од Битола прави престолнина на филмската уметност.

Евротип
Евротип
To Top