Новости

Битола инфо

Пожарот во „Жито Битола“ ставен под контрола

Пожарот во објектот на „Жито Битола“ е ставен под контрола, информираше командирот на противпожарната едница на Битола, Горан Димкоски. Нема опасност од негово проширување, но ситуацијата ќе продолжат да ја следат во текот на ноќта каде ќе останат екипите на протипожарната единица Битола. На местото на настанот ноќеска ќе останат

Инаку во 17:20 часот беше пријавен пожарот во СВР Битола, од каде велат дека нема пријавено повредени лица.

На местото на пожарот беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече дека на терен се девет возила и 27 пожарникари на противпожарната единица, а од негова страна побарана е поддршка и од РЕК Битола од каде пристигна дополнителна цистерна која ќе помогне во гаснењето на пожарот. Градоначалникот воспостави контакт и со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел преземање на сите потребни мерки и спречување на понатамошно ширење на пожарот.

Евротип
SNBROKER
To Top