Новости

Битола инфо

Пожар во продавница за теписи во битолската чаршија

Попладнево избувна пожар во продавница за теписи која се наоѓа во близина на ОУ „Св.Кирил и Методиј“, во  уличката зад слаткарницата „Ајчо“.

На пожарот интервенираа две противпожарни возила со десетина пожарникари кои се обидуваа да го локализираат пожарот со оглед на недостапноста на објектот кој се наоѓа во тесна уличка. Пожарот доцна попладнево е локализиран. На местото на настанот беа присутни и екипи на СВР Битола.

GOLD
To Top