Новости

Битола инфо

Пожар на трансформатор во РЕК Битола- пожарот е изгаснат, нема повредени

Доцна вечерва избувна пожар во РЕК Битола. Според првичните информации станува збор за пожар на трансформатор во рамките на термоцентралата. Пожарот е изгаснат, соопштија од РЕК.

“Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат.”- стои во соопштението од рек битола.

Евротип
Евротип
To Top