Новости

Битола инфо

Пожар, сообраќајка, физички напад – извадок од билтенот на СВР Битола

На 29.01.2021 во СВР Битола, Б.К(66) од Битола пријавил дека околу 01.55 часот на ул.„Беласица“ во Битола настанал пожар во неговото патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 29.01.2021 во 00.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул.„Партизанска“ во Битола, И.Ц.(26) од Битола, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во канделабра. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Р.Ч.(25) од Битола, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

На 28.01.2021 во СВР Битола, Ц.М.(62) од Битола пријавил дека на 23.01.2021 бил физички нападнат од И.Ј.(29) од Битола . Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.01.2021 во СВР Битола било пријавено дека во село Путурус, општина Новаци, настанал пожар во помошен објект-плевна, сопственост на Д.Б.(56) од Битола. Во пожарот целосно изгорела кровната конструкција, како и живината која била внатре. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top