Новости

Битола инфо

„Поинаку“ со мапирани депонии на работна средба во ЈП Комуналец Битола

Советниците од „Поинаку“ денеска на работна средба со директорката на ЈП Комуналец Битола Гордана Наумовска. Габриела Илиевска, Иван Чулакоски и Алмир Адемоски на Наумовска и доставија листа со барања во која се содржани дел од предизборните ветувања, но и барања од граѓани кои во изминатитот период беа доставени до советниците.

„Ги мапиравме дивите депонии во градот и околината кои мора во најскоро време да бидат исчистени, побаравме санација на возилата за собирање на отпад, како и промена во распоредот на собирање на истиот, секојдневно миење и чистење на улиците, како и формирање на Комунална редарска служба. Разговаравме и за останати проблеми со кои се соочуваат граѓаните секојдневно. Реализацијата на нашите барања ќе ја следиме секојдневно, но и ќе ја дополнуваме листата согласно барањата и потребите на нашите сограѓани“ велат од „Поинаку“.

Евротип
SNBROKER
To Top