Новости

Битола инфо

Полициски службеници извлекле тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица

Министерството за внатрешни работи информираше дека полициски службеници извлекле три лица кои биле заглавени во возило затрупано со снег.

На 02.01.2022 во 18.25 полициски службеници од ОВР Ресен добиле пријава – повик за помош од Ј.Д.(20) од Битола. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „сузуки”, со битолски регистарски ознаки, заедно со двајца сопатници, жители  на Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима, информираат од МВР. 

По повикот,  полициските службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот и биле извлечени и спуштени на безбедно место.

Пред само неколку дена, на 28.12.2021г Планинската спасителна служба и Граничката полиција од охридска страна интервенираа за евакуација на лице кое беше заглавено во возило на крстосницата на регионалниот пат со патот за Два Јавори (поранешен ски центар Отешево). И во овој случај лицето беше безбедно евакуирано, а од ПСС упатија апел  до љубителите на планинските авантури, да не се обидуваат со возила да го минуваат превојот Баба на Галичица и да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувања на овој патен правец.

Евротип
SNBROKER
To Top