Новости

Битола инфо

Понеделник започнува втората фаза на дезинсекција во Битола

Во периодот од 26.07.2021 (понеделник) до 30.07.2021год, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции. Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 208-100, 208-101.

СН Брокер
To Top