Новости

Битола инфо

Почина актерот Митко Апостоловски! – Битола изгуби брилијантна личност, великан над штиците што живот значат

Македонскиот доајен, актер на Битолскиот театар Митко Апостоловски почина денеска.
Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година.

Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Драмски отсек). Работи во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995). Од 1995 г. е повторно во Народниот театар во Битола.

Битола изгуби уште една брилијантна личност со исклучителна харизма, извонреден талент, маестрален актер кој ќе остане запаметен по многубројните филмски улоги и како великан над штиците што живот значат.

Евротип
SNBROKER
To Top