Новости

Битола инфо

Почина Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци и поранешен пратеник

На 78-годишна возраст почина Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци и поранешен пратеник во Собранието на Македонија од 1994 до 1998 година.

Тантаров работеше како новинар во Радио Битола, а беше новинар и во весникот за земјоделие „Трибина“.

Беше одличен познавач на состојбите во земјоделието и чест соговорник во медиумите.

Погребот ќе биде утре во 12:30 часот во с.Новаци.

GOLD
To Top