Новости

Битола инфо

Почина Коста Хаџи Антоновски, творецот на Битолскиот монмартр

Утрово почина Коста Хаџи Антоновски, идејниот творец на Малиот битолски Монмартр, објавија од неговото семејство на социјалните мрежи.
Тој беше познат и признат ликовен уметник и педагог кој едуцирал многу млади ликовни таленти,а некои денес врвни ликовни сликари. Иницијатор и организатор на многубројни културни настани во Битола. Добитник е на многубројни награди и признанија од земјата и странство.

Благодарение на Хаџи Антоновски, Битола беше ставена на мапата на ликовните уметници ширум светот, а Малиот битолски монмартр беше настан каде едвај чекаа да дојдат деца ликовни творци од сите страни на светот.

Малиот битолски монмартр беше амбасадор на Битола, а за тоа беше најзаслужен Коста Хаџи Антоновски чија најголема среќа беше да ги гледа децата кои творат низ битолските улици.

Евротип
SNBROKER
To Top