Новости

Битола инфо

Почина сопственикот на Радио 105, Лазар Николовски

На 69 годишна возрат почина Лазар Николовски ( роден на 14.12.1952 ), во јавноста познат како „105 Бомбардер“, заради своето радио преку кое беше дел од секој дом во Битола и регионот.

Николовски беше меѓу првите приватни радиодифузери во државата со неговото популарно „Радио 105“ и со начинот на работа стана препознатлив и меѓу најслушаните радија на овие простори.

Битолчанецот кој некогаш го водеше прочуениот „Маратон без сон“ со што влезе во Гинис како водител кон најдолго водел радио емисија без спиење, до последно, до 69 годишна возраст седеше зад пултот на радиото.

Беше почитуван меѓу фелата, шегаџија и добар соработник со новинарите.

Погребот е утре во 12 часот на Светонеделските гробишта.

СН Брокер
To Top