Новости

Битола инфо

По повод 3 декември, Завод и Музеј Битола со изложба на 22 нови тактилни слики изработени за лицата со оштетен вид

По повод 3ти декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост, Н.У. Завод и музеј Битола, презентираше 22 нови тактилни слики изработени за лицата со оштетен вид. На паноата се поставени текстови на брајово писмо, тактилни слики, фотографии и текст . Изложбата во Магазата може да се посети со закажување во мали групи. Во рамките на проектот се изработени и 22 нарации со описи за предметите и 22 видеа на знаковен јазик.


Проект: Тактилна изложба со мотиви од постојаната поставка на НУ Завод и музеј Битола
Д-р Ирена Ружин- раководител на проектот
М-р Јове Парговски- координатор


Описи на предмети: Кустоси: Д-р Мери Стојанова, Ефросинија Паревска, Јасмина Гулевска, , Енгин Насух, Владо Ѓорески, Слободан Стојковски, Оливера Макриевска
Надворешни соработници:
Татјана Мијатович, Милена Милошевиќ Мициќ, Андријана Шокларовска, Силвана Петрова Насух, Катерина Шарковска, Михаил Марковски, Студио Гимел, Весна Софрониевска, Студио Кочов
Поддржано од Министерство за култура

Евротип
SNBROKER
To Top