Новости

Битола инфо

По третпат во Битола се одржа ,,Трчај бе”

Утрово стартуваше првата трка на 5 километри од третото издание на трката ,,Трчај бе“, а потоа на временска разлика од петнаесетина минути старуваа натпреварувачите од втората трка на 10 и 21 километри. На овој начин се испочитуваа протоколите и мерките пропишани заради пандемијата од ковид 19.

На трите трки во Битола, “Трчај бе“, учесниците трчаа поединечно, во групи, или како дел од битолски компании кои заедно во оваа прилика правеа team building activities.

На трката во Битола, се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, односно сегашни и бивши рекордери и шампиони на патеките од 1.500 метри, па се до маратон

СН Брокер
To Top