Новости

Битола инфо

Преспанско-пелагониска епархија: Верниците да ги почитуваат мерките за празникот Свети Наум

Од Преспанско-пелагониската епархија апелираат до верниците за престојниот празник Свети Наум да ги почитуваат протоколите за заштита од Ковид 19 при посетата на црквите.

Во пресрет на претстојниот празник, посветен на Светиот Наум, Охридскиот Чудотворец, при посетата на Светите храмови, повикуваме да се почитуваат пропишаните мерки од страна на Владата и здравствените институции за социјална дистанца и носење соодветни заштитни средства, се вели во апелот.

GOLD
To Top