Новости

Битола инфо

Приведен битолчанец, пронајдена дрога во неговиот дом

На 21.12.2020 во 21.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 32-годишен битолчанец затоа што при преглед во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три пакувања со амфетамин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

GOLD
To Top