Новости

Битола инфо

При претрес во Битола пронајдена марихуана и пари, приведени две лица

На 25.11.2021 во 17.30 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода двајца битолчани, информираат од МВР.

При претрес во домот и возилото „мерцедес“ на едно од лицата, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пари во различни апоени и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

При претресот, неговиот татко ги попречувал полициските службеници во извршување службени дејствија.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави

 

Евротип
SNBROKER
To Top