Новости

Битола инфо

Продолжен рокот на јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори

Согласно доставеното известување од државниот завод за статистика, комисијата за пописен реон 20, ја известува јавноста дека јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори, наместо до 05.08.2021, ќе трае до 12.08.2021.

Јавниот конкурс е објавен во седиштето на комисиите на пописните реони, на веб страната на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk , како и на веб страната на Општина Битола на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/конкурс-за-попишувачи/.

Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx. Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи, согласно условите наведени во конкурсот, ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, најдоцна до 16.08.2021 или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Евротип
Евротип
To Top