„Прометеј“ во изведба на матурантите од Гимназијата „Јоспи Броз Тито“ утре во Хераклеја

СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола информира дека утре, 16 јуни 2021 година, во Античкиот театар во Хераклеја со почеток од 20 часот ќе се одржи премиерата на Античката драма „Прикованиот Прометеј“, подготвена од матуранти од училиштето, под менторство на проф. по латински јазик Софија Бејковска.
